Градоначалникот Арбен Таравари го посети здружението на лица со оштетен вид „Реалитети” од Гостивар

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници го посетија Здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалитети”. Претседателот на здружението, Џеват Фејзули му се заблагодари на градоначалникот Таравари што лично побарал да се сретне со членовите на ова здружение, а потоа го запозна со активностите и со предизвиците со кои се соочува ова здружение.

– Ние сме невладина организација која не се финансира од страна на државата, но благодарение на нашата посветеност и луѓето со добра волја, успеваме да реализираме некои помали активности и да им помогнеме на нашите членови да се справат со предизвиците на животот. Нашето здружение брои 62 члена и имаме прилично скромна годишна програма, со некои активности кои не се скапи, го информираше Фејзули градоначалникот Таравари.

Тој му се заблагодари и на новиот директор на ЈП Комуналец, Исак Лазами, каде што се наоѓа седиштето на здружението, што им овозможи да го користат централно греење и дека покажува интерес да им помогне.

Градоначалникот Таравари побара од присутните членови да ги искажат нивните проблеми и слободно да побараат помош за било кое нивно барање.

– Не само барањата кои сега ќе ги искажeтe, туку било која потреба што ќе се ви појави, слободно контактирајте не било мене како градоначалник, било општинските служби, а и директорот на јавното претпријатие. За се што е можно во рамките на нашите надлежности, ќе ви биде понудена помош. Ќе ви помогнеме со канцелариски материјали и друга логистичка поддршка. Ќе се ангажираме за организирање на семинари и работилници со стручни лица кои се занимаваат со третман на лица со оштетен вид. Во соработка и со приватниот сектор ќе ви овозможиме да организирате разни настани за кои ќе пројавите интерес, истакна Таравари.

Меѓу барањата на членовите на здружението беа лицата со оштетен вид да се ослободат од плаќање за вода, ставање ред во сообраќајот за да не се паркираат возилата по тротоари, спуштање на ивичниците кај пешачките премини, изградба на пристапни рампи за лица со инвалидност, бесплатен јавен превоз и други барања.

Градоначалникот Таравари ги увери дека ќе се ангажира за сите овие барања, во соработка и со Советот на општината и други државни институции, како и со приватниот сектор за да се изнајде решение и да се подобри квалитетот на живеење на лицата со оштетен вид и на другите лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски