Градоначалниците предлагаат измена на Законот за данок на имот

Од:

Координативното тело на градоначалници на Скопје донесе одлука со која се предвидува да се предложат измени на законот за данок на имот, во насока на надминување на проблемот со непријавените имоти.

Како што изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски по денешната втора седница, со бараните измени би им се овозможило на службите на локалната самоуправа сами да имаат надлежност да евидентираат имот и да издаваат решенија за данок на имот.

Координативното тело на градоначалници на денешната седница констатира дека наплатата на данокот на имот за 2012 година изнесува околу 85 проценти.

На седницата е дискутирано и за предлагање за измени во постапките за поставувањето на урбаната опрема во Скопје, каде во моментов има поделени надлежности помаѓу градот Скопје и општините и истото предизвикува нејаснотии и збунетост кај корисниците на овие услуги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он