​Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го доби првиот македонски етимолошки речник од авторот Цветановски

Од:

Професор д-р Гоце Цветановски ѝ го подари првиот том од „Македонскиот етимолошки речник“ на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Истакнатиот македонист, кој потекнува токму од оваа општина, на создавањето на овој обемен лексикографски труд работеше интензивно во изминатите три години.

Станува збор за прво издание од ваков вид во домашната македонистика, во чии рамки научно се елаборира и систематизира потеклото на македонскиот зборовен фонд. Неговата вредност е од суштинско значење, бидејќи пополнува повеќедецениска празнина во лингвистичката наука, нудејќи им прецизна етимолошка база како на стручните лица, така и на пошироката јавност. Со овој лексикографски потфат, македонскиот јазик се позиционира меѓу јазиците во регионот кои веќе поседуваат своја етимолошки речник.

-Ми претставува задоволство што бев домаќин на професорот Гоце Цветановски, кој потекнува од Кисела Вода и е автор на првиот македонски етимолошки речник. Ова е дело на кое се работело посветено три години и кое е од исклучителна важност за нашата наука и за македонскиот јазик воопшто. Како локална самоуправа, секогаш сме исклучително горди кога луѓе кои потекнуваат од нашата општина оставаат ваков траен белег и постигнуваат врвни резултати од национален интерес. Му благодарам на професорот за овој вреден подарок и за неговиот придонес во негувањето на македонскиот јазик- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението