Градинката „Пчелка 2“ во Аеродром доби нова енергетски-ефикасна фасада

Од:

Со инвестиција од буџетот на Општина Аеродром и завршување на градежните активности кои се одвиваа изминатиот период, градинката „Пчелка 2“ во населбата Лисиче доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада.

Увид во реализираниот проект изврши градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека со оваа инвестиција, значително се подобруваат условите за згрижување на децата и средината во која растат, но и се придонесува кон заштеда на електрична енергија и финансиски средства кои ќе бидат пренаменети за други проекти во областа на образованието и социјалната заштита.

„Се радувам кога ја гледам реализацијата на инвестиции и проекти кои обезбедуваат одржливост и градат поубава средина за раст и развој на најмладите аеродромци. Во првите две години од мандатот се посветивме на решавање на сите инфраструктурни предизвици кои се поврзани со најмладите, затоа што Аеродром е општина што инвестира и креира подобри услови за нив“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода