На патниот правец Скопје – Македонски Брод кој поминува низ Јасен од 1. октомври 2013 година се поставени нови термини за правецот на движење на моторните возила:
– Во правец од Скопје кон Македонски Брод од 07:30 до 08:30ч. и 14:30 до 15:30ч.
– Во правец од Македонски Брод кон Скопје од 06:00 до 07:00ч. и 16:00 до 17:00ч.
Доколку има наноси од снег, патот може да биде затворен на неодредено време.
Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и истиот е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
Од 25.09.2013 е воведена времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Поправката на коловозот на патниот правец А1, Велес – Гевгелија, делница Удово – Смоквица (во близина на Милетково) е завршена. Сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.