Град Скопје: Зимската служба ги чисти коловозите и тротоарите од мраз и снег

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари, соопштија денеска градските власти.

Информираат дека за чистење на тротоарите ангажирани се 170 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени.

– Расчистувањето се вршеше на плоштадите „Македонија“ и ВМРО, како и во Старата Чаршија, на пешачките патеки, тротоарите и скалите на мостовите „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. Во расчистувањето на снегот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користеа втоварувач и кипер, се невадува во соопштението.

Од Град Скопје препорачува возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

– Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, велат надлежните од Град Скопје.

Тие апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Од JП „Комунала хигиена“ порачуваат општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и бараат поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски