Град Скопје: Започна процесот на воведување ред во поставувањето на урбана опрема

Од:

Советот на Град Скопје денеска ја одржа 21. седница на која беа разгледувани повеќе информации и извештаи и беа донесени повеќе одлуки.

Една од главните точки кои Советот на Град Скопје ги донесе е Одлуката за утврдување потреба за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор на подрачјето на Град Скопје.

Станува збор за одлука која е од голема важност бидејќи планирањето и уредувањето на просторот е основна надлежност од јавен интерес и со истата се става крај на узурпирањето на јавниот простор.

Со оваа одлука се врши координација и усогласување на повеќе одлуки од областа на критериумите и поставувањето на времените објекти и урбаната опрема, каде што новина е одвојувањето на постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема и постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема за вршење дејност надвор од деловен простор. Со овие новитети детално е разработена постапката за издавање на одобренијата посочувајќи ги чекорите, придружните документи, плаќањата и елаборатите.

Друга новина е предвидениот надоместок кој Град Скопје ќе го наплаќа за застаклување на просторот за кој е издадено одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор кој ќе се применува од наредната зимска сезона, поточно во периодот од 1 ноември до 31 март во висина од 15 денари за квадратен метар без пресметан ДДВ.

Основна цел на оваа одлука е воведување нови стандарди во сферата на поставување урбана опрема на јавните површини во Скопје, со цел унапредување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања