Град Скопје: Врнежите придонесоа за брзо размножување на комарците

Од:

Град Скопје со соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДМПНЕ треба да престане да го злоупотребува стравот на граѓаните за своето здравје и да не создава и шири паника за евтини и дневни политички поени.

Како и претходно, така и сега, Град Скопје секоја година извршува поголем број наврати на земјено (терестрично) и авионско прскање против возрасните форми на комарци, како и против ларвите од комарци. Град Скопје до сега ги заврши првите две прскања против возрасни форми на комарци, како и ларви од комарци, а прскањата се направени од авион и од земја. Првото прскање траеше од 3 до 16 јули, односно од 3 до 7 јули се прскаше од земја, а на 7 и 8 јули се прскаше од авион против возрасни форми на комарци. На 14 и 16 јули се прскаше против ларви од комарци. Второто прскање го почнавме на 21 јули и траеше до 7 август, односно со авион се прскаше на 21 и 22 јули, а од земја од 22 јули до 26 јули, против возрасни форми на комарци. Против ларви од комарци се прскаше на 6 август од авион, а на 7 август од земја.

Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена, почнувајќи од утре (10 август 2018 година, петок) и да трае до понеделник (13 август 2018 година).

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10 август (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13 август (понеделник), во раните утрински часови, а прскањето од земја ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Надвор од ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември“ се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски