Град Скопје: Утрово беа фрлени околу 30 тони сол на градските сообраќајници

Од:

„Град Скопје е подготвен за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови.

Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот.

На терен екипите на зимската служба интервенираа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки, каде фрлија околу 30 тони сол.

Зимската служба на Град Скопје во моментов има залиха од сол во депоата на јавното претпријатие „Улици и патишта” од околу 1.300 тони и во тек е тендерската постапка за набавка на уште 3.000 тони сол.

Покрај солта и ладниот асфалт, зимската служба ќе ја користи и механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“ составена од 16 разновидни возила и машини, а на располагање е и механизацијата на останатите јавни градски претпријатија. Дополнително, обезбедена е и техничка поддршка од компанија која на зимската служба во текот на сезоната и става на располагање 15 специјални возила – камиони“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот