Град Скопје усвои годишни сметки и одлуки без опозицијата

Од:

Советот на Град Скопје денеска, без присуство на опозицијата, ги усвои сите точки на дневниот ред, кои вклучуваа два извештаи и 9 одлуки. Извештаите го вклучуваат и извештајот за буџетот на Градот за 2012-та година, како и за извршениот попис на средства и извори на средства.

Меѓу одлуките поточно, беа и оние кои се однесуваат на давање согласност за завршните сметки на јавните претпријатија кои се во надлежност на Градот, како „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Градски паркинг“.

Исто така, усвоени беа и одлуките за запишување на ученици во јавни средни училишта и прием на ученици во градски ученички домови во учебната 2013/2014 година.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан