Град Скопје: Улиците и булеварите расчистени и проодни

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни. Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини, соопштуваат од Градот Скопје.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камени мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“.

– Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред јавните установи, како и следните градски улици и булевари – во општината Центар Филип Втори Македонски,  11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Мајка Тереза и Илинден, во општината Карпош Партизансски одреди  и Илинден, во општината Кисела Вода Борис Трајковски, во општината Аеродром раскрсницата на железничката станица и булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу, во општината Чаир Втора македонска бригада, Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош, Методија Митевски, Б.Паровиќ, во општина Шуто Оризари Индира Ганди и Словенија, во општината Бутел Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, Кемал Сејфула и Бутелска, во општината Гази Баба – Александар Македонски и во општината Ѓорче Петров се расчистува улицата Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

Во расчистувањето се ангажирани 116 работници, а од механизацијата се користат два  мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите. Од Град Скопје најавуваат дека активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.

Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Од Градот Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината