Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против одлуката за набавка на нови автобуси

Од:

Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денеска советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси информираат од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

– Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје. Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните. Градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата која победи на изборите, програмата „За модерно Скопје“. Работиме на сериозни решенија на надминување на оваа блокада со цел остварување на јавниот интерес, интересот на Скопјани.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Вонредна седница на Совет на Град Скопје за барањата на приватните превозници

Катерина Ѓуровски

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Витина: Ако има иницијатива, Славески мора да свика вонредна седница на Советот

А1он

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност, врши диверзија во јавниот градски превоз

А1он