Град Скопје: Славески своеволно ја одложи седницата на Советот

Од:

Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани. Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекина и одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот. Славески веројатно чекајќи инструкции од својот партиски шеф денес го блокираше рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, се вели во реакцијата од Град Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојденво транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес советниците требаше да гласаат за изградба на две новопланирани улици 1 и 4 и изградба на мега парк во општина Карпош. Чучер Сандево кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации нема да добие реконструирана водоводна и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славески.

Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Вонредна седница на Совет на Град Скопје за барањата на приватните превозници

Катерина Ѓуровски

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Витина: Ако има иницијатива, Славески мора да свика вонредна седница на Советот

А1он

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност, врши диверзија во јавниот градски превоз

А1он