Град Скопје: Шилегов оставил корисниците на куќарките на кеј, 4 години да ги користат противправно, без никаков договор

Од:

Град Скопје информира за затекнатата состојба со корисниците на куќарки на Кејот 13 ноември и појаснува дека лицата се без активни договори со град Скопје од 01.02.2018 година.

„Претходниот градоначалник на Градот Скопје, Петре Шилегов свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно без постоење на правен основ за нивно користење. Ваквата состојба најмалку одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата“, велат од Град Скопје.

„Овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година. Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат.

Дотолку што постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните.

Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот Скопје во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење. Во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките.

Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење“, соопштува од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС