Град Скопје се вклучи во акцијата за чистење на животната средина

Од:

Град Скопје денеска се вклучи во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина. Оваа акција е дел од иницијативата на ЗЕЛС за подобрување на животната средина во сите општини.

– Почнуваме со чистење на булеварот „8 Септември“ на потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“. Град Скопје и секоја од скопските општините ги чистат реоните за кои се надлежни. Во оваа акција учествуваат и градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал, изјави портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

Тој потсети дека во изминатиот период Град Скопје организираше акции за чистење на главниот град од диви депонии и миење на улиците.

– Граѓаните на Скопје во акцијата „Пријави депонија“ пријавија над 200 диви депонии кои една по една ги исчистивме, рече Салиху, кој изрази благодарност до граѓаните кои активно се вклучиле и помогнале во мапирање на дивите депонии.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски