Град Скопје: Се отстрануваа паднати и искршени дрвја

Од:

Градос Скопје ја демантира веста „Се сечат здрави дрвја кај Собрание“, го проследуваме демантот во целост:

Градот Скопје ги демантира пишувањата на порталот А1он.мк со наслов „Се сечат здрави дрвја кај Собрание“ и ги оценува како паушални и непотврдени тврдења изнесени во текстот.

Градот Скопје реагира и на непрофесионалното однесување на авторот на посочениот текст, бидејќи истиот пред да ги изнесе информациите требало да се обрати до Град Скопје или до ЈП, Паркови и зеленило“ и да побара одговор.

Сакаме да Ве информираме дека во текот на изминативе денови, во силното невреме и поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, така што и во конкретниов случај станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја.

Во прилог Ви испраќаме фотографија од паднатото дрво од невремето.

Ви посочуваме во иднина пред да објавувате текстови да не контактитате за да добиете соодветен одговор и да не се доведувате во ситуација да ја дезинформирате јавноста.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош