Во целосен недостаток на конкретни проекти и визија за развојот на Скопје изминатиов период СДСМ нивното време го трошат на непотребни и крајно неинвентивни реакции.
Изминативе неколку недели по сите организирани настани на Градот Скопје, настани кои се поврзани со капитални проекти со единствена цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје, тие излегуваат со крајно негативни реакции.
Денеска Градот започна одличен проект со кои ќе се подобри брзината и безбедноста при одвивањето на сообраќајот на крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов, Московска и булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. Наместо поддршка и пофалба за реализацијата на проектот, добиваме копи пејст реакција полна со паушални обвинувања, многу негативна енергија и омраза, без никаков реален предлог со кои би се подобрил животот на граѓаните на Скопје.
Околу проектите коишто СДСМ ги потенцира дека се од највисоко значење, сите од нив се предвидени, а дел од нив и веќе се реализираат. Од СДСМ немаат капацитет да разберат дека самата изградба е финалната фаза од процесот на реализација на еден проект, кој претходно треба да се предвиди, проектира, да се изработат идејни и изведбени проекти, да се довијат сите потребни согласности… Проширување на улица Никола Карев, продолжување на булевар Илинден и изградба на подземна сообраќајница од Владата до зградата на НБРМ се проекти кои се во тек на изработка на планови и проекти и ќе бидат реализирани во иднина, додека фазното проширување на улицата Цветан Димов е одамна започнато.
За потсетување на јавноста, кога Градот Скопје го започна процесот на проширување на булевар Илинден од Влада на РМ до улица Љубљанска во Карпош 4, Вашите реакции беа дека тоа не е капитален проект и е само проширување на една улица.
За жал, СДСМ во нивниот очаен обид да се наметнат во во јавноста како партија со идеи и иновации, повторно се фатени како се обидуваат да ја манипулира јавноста преку игнорирање на горе наведените факти, како и нудење на јавноста на веќе отпочнати проекти како нивни предлози, реагираат од Град Скопје на соопштението на СДСМ.