Град Скопје со речиси трипати поголем буџет за животна средина во 2018 година

Од:

Советот на град Скопје во вторник (19.12.2018 година) ќе одржи седница на која треба да го усвои буџетот на Град Скопје за 2018-та година. Во предлог-буџетот се предвидени многу повеќе средства за животна средина споредено со ребалансот на буџетот од 2017-та година, предложен од претходното градско раководство.

Според новиот буџет на Град Скопје за 2018-та година, во секторот за заштита на животна средина се планирани 141 милиони денари, што преставува речиси трипати повеќе од ребалансот на буџетот од 2017-та година којшто за овој сектор предвиде само 48 милиони денари. За реализација на планираните проекти за заштита на животна средина во 2018-та година, со финансиска поддршка од Град Скопје, граѓаните ќе добијат 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување, а приватните компании кои учествуваат во јавниот превоз на патници, ќе добојат субвенции во висина од 20 милиони денари со цел да се инсталираат уреди на гас и да се купат автобуси кои задоволуваат ЕУРО 5 И ЕУРО 6 стандард.

Покрај субвенциите од 20 милиони денари за ЈСП за бесплатен превоз во денови на алармантно загадување на воздухот, новитет во градскиот буџет е планираното субвенционирање од 100 милиони денари на ЈСП при набавка на зглобни електрични автобуси.

За училиштата ќе се обезбедат 90 милиони денари за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади, како и 12 милиони денари за опремување на училниците со прочистувачи на воздух. Во склоп со буџетот за 2018-та година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 10 милиони денари за кофинансирање на изработка на зелени кровови со соодветни институции. Град Скопје продолжува и со мерката за субвенционирање при набавка на печки на пелети за што се наменети 15 милиони денари, а ќе бидат обезбедени и финансиски средства во висина од 1.6 милиони денари за обука на оџачари.

Развојниот буџет предвидува и дополнителни проекти кои директно или индиректно влијаат во заштитата на животната средина, а се во делот на инфраструктурата што вклучува изградба, одржување и реконструкција на велосипедски патеки, средствата се зголемени за трипати и изнесуваат 30 милиони денари, а граѓаните ќе добијат и дополнителни субвенции од 10 милиони денари при набавка на велосипеди.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот