Град Скопје првпат ќе додели стипендии за спортисти средношколци

Од:

Град Скопје воведува стипендирање на спортисти средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Јавниот повик за доделување стипендии е објавен денеска, а ќе трае 10 дена, заклучно со 26 април. Врз основа на пропишаните критериуми во овој повик, ќе се изберат 100 стипендисти средношколци, кои во текот на 8 месеци во 2018 година ќе добиваат стипендија од 3.000 денари месечно.

Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик во средно училиште на подрачјето на град Скопје, со следниве услови: да се жители на Скопје; да се ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје; да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија; да имаат високи спортски постигнувања во 2017 година и во 2018 година, сè до завршувањето на јавниот повик.

Сите заинтересирани овој јавен повик може да го погледнат на веб-страницата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот