Град Скопје: Прскањето против комарци се реализира на терен

Од:

Согласно Програмата за дезинсекција на подрачјето на Скопје во текот на оваа недела се извршува прскањето против комарци, информираат од Град Скопје.

Денеска во раните утрински часови била извршена првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, посочуваат од град Скопје и додаваат дека таа ќе продолжи во раните утрински часови (сабота кон недела) доколку се соодветни временските услови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.

Оттаму ги потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Вчера била завршена терестричната дезинсекција која се спроведувала изминатата недела на територијата на градот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски