Град Скопје: Пријавувајте се на јавниот оглас за обука на оџачари

Од:

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да се пријавуваат на јавниот оглас за обука на оџачари.

Градот во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, а ќе трае три месеци.

Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.

За таа цел, годинава Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари.

За потсетување, во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.

Оваа мерка е само дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски