Град Скопје предлага за фонтаните во Центар да се грижи „Водовод и канализација“

Од:

Со Предлог-одлуката за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на фонтани, која е на дневен ред на денешата седница на Советот на Град Скопје, се предлага јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да ја преземе оваа обврска за поголем број фонтани лоцирани во централното градско подрачје.

Со предлог-одлуката Град Скопје оваа обврска ја префрла на ЈП „Водовод и канализација“. Со неа се опфатени „Воинот на коњ“, подната фонтана на плоштадот „Македонија“, фонтаните на плоштадот „Карпошово востание“, на плоштадот „Богородица“, фонтаната на мостот „Око“, во паркот Жена борец и на плоштадот „ВМРО“.

– Одржувањето на фонтаните од 2013 година го вршеше Град Скопје, за чија цел се склучени неколку договори со ДГ „Бетон“, за што од градскиот буџет се одвојуваа од 25 до 30 милиони денари годишно. Средствата што досега беа користени за оваа намена, во иднина ќе бидат пренаменети за реализација на капитални проекти, информира Град Скопје.

Со новата одлука Град Скопје ги отстапува фонтаните на чување, одржување, заштита и користење на „Водовод и канализација“. Основна дејност на ова претпријатие е собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење, како и одведување урбани отпадни води, обезбедување здравствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. Според градските власти, претпријатието е најстручно и најспособно за одржување на фонтаните.

Град Скопје се обврзува да ги подмирува сметките за потрошената електрична енергија на фонтаните, но нема да одвојува дополнителни средства за нивно одржување.

Пред советниците на Град Скопје вкупно е 41 точка, меѓу кои одлуката за донација на две специјални возила „пајак“, едното за ЈП за одржување улици и патишта и други комунално-услужни дејности „Стипион 2011“ Штип, а второто за општина Охрид. Советниците ќе дискутираат и за Предлог-одлуката за учество на Град Скопје во изградба на спортска сала во СУГС „Сарај“ во општина Сарај, како и повеќе предлог-одлуки за именување членови на надзорните одбори на повеќе јавни установи во Скопје..

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош