Град Скопје повторно ќе дава пари за консултации за трамвајот

Од:

Градоначалникот Коце Трајановски пак ќе го одврзува ќесето за консултантски услуги и тоа повторно за трамвајот, иако за таа намена веќе потроши 200.000 евра, пренесува Утрински весник.

Распишан е оглас за нови консултации и сега, како што објаснуваат од Градот, овој консултант ќе има обврска да најде инвеститор за трамвајската траса и другите потребни елементи од шинскиот систем. Токму поради неуспехот да најде партнер за проектот, Градот го раскина договорот со првично избраниот консултант, конзорциумот составен од англиската фирма „ЕЦ Харис ЛТД“ и „Виалто“ од Украина.
Оттаму посочуваат дека првично избраните консултанти ги испочитувале само првите две договорени фази, изработиле сообраќаен проект и извршиле анимирање на потенцијалните инвеститори, но безуспешно ја реализирале третата фаза. И покрај тоа што тендерска документација подигнаа повеќе компании, понуда достави само норвешкиот конзорциум „Скурдал и Ментит групација“.

Трајановски тогаш посочи дека трамвајот немал среќа оти, веројатно, проектот не бил атрактивен за компаниите од финансиски аспект, бидејќи потенцијалниот партнер ќе ги поврател вложените средства дури по долги години.

Градот бараше концесионер кој по изградбата ќе стопанисува со трамвајот 35 години. Партнерот ќе има обврска да набави најмалку 22 трамвајски возила и да изгради пруга во должина од 24,2 километра во два правца на релација Ново Лисиче – Ѓорче Петров. Проценето е дека за ова концесионерот ќе треба да вложи околу 180 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче