ВИДЕО: Град Скопје почнува реформа во градската администрација

Од:

Прв пат во историјата на Град Скопје се воведува внатрешна контрола за вработените во градската администрација. Крајна цел е да се обезбедат подобри услуги за сите граѓани главниот град, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој информира дека денеска издал налог со кој внатрешната контрола во рок од два месеца треба да изготви регистар на сите постојни несработени предмети во градот. Во исто време, како што рече, ќе ги категоризира предметите по тип и време за постапување.

– Целта е да се спречи закочувањето на постапките, целта е граѓаните да бидат поштедени и од стрес и од изгубено време талкајќи по шалтери, од канцеларија во канцеларија. Целта е конечно да ги извадиме сите предмети надвор од фиоките, истакна Шилегов.

Тој најави дека ќе се определува категорија по специфична тежина за колку работни дена треба да биде сработен еден предмет. На пример, данокот на промет би се пресметувал за пет дена, данокот на имот би се пресметувал за 10 дена, лиценцата за такси-возачи би се издавала за 30 дена.

На овој начин, како што рече, ќе се врати ажурноста во работењето со што граѓаните ќе добиваат навремени и ефикасни услуги.

– Системот предвидува секој од вработените во градската администрација да може да добие свој фајл и по однос на извештаите кои ќе ги доставува внатрешната контрола ќе добие досие на неговата ефикасност во работење. Секој вработен ќе биде оценуван по основ на тоа во колкав рок и колкав број на предмети одработил согласно Правилникот што го имаме утврдено како градска администрација, појасни Шилегов.

Тој ги повика од понеделник сите граѓани кои имаат активни или новоподнесени предмети во градската администрација или имаат каков било проблем да пријават во внатрешната контрола на [email protected].

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски