Град Скопје почна со новогодишно осветлување и украсување

Од:

Град Скопје традиционално започна со новогодишно украсување и декорирање на градот.

Како што информира Град Скопје, на плоштадот „Македонија“ ќе биде поставена централна новогодишна елка,  повисока од 18 метри со светлосни и други украсни елементи.

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и булевар „Илинден“ до раскрсницата со улица „Френклин Рузвелт“, просторот пред Владата на Република Македонија, улица „Даме Груев“, булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала, улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, булевар „ВМРО“, улица „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до  раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“, просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Влада на Република Македонија.

Светлосни и украсни елементи ќе бидат поставени и во Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам, паркот „Жена борец“, просторот пред црквата „Св. Богородица“, плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“, улица „Македонија“, булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“, плоштад Пресвета Богородица, булевар „Крсте Мисирков“ до крстосница со улица „Цветан Димов“,  булевар „Христо Татарчев“ до крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до раскрсница со улица „Цветан Димов“, булевар „Александар Македонски“ од крстосница со улица „Беласица“ до крстосница со улица „16 Македонска бригада“.

Декорирањето ќе го реализира фирмата „Линк Медија“ која, како што информира Град Скопје имала најповолна понуда на јавниот повик. Град Скопје за украсување ќе издвои околу 12 милиони денари.

Декорирањето е во тек, а раскрасувањето ќе биде од 15. до 25 јануари 2017  година.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања