А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Град Скопје планира да потроши речиси 900.000 евра за фасада

by А1он06/08/2014 - 14:2806/08/2014 - 16:14120
Share0

Околу 900.000 евра без вклучен ДДВ проценил градот дека се доволни за реконструкција на фасада на зграда на улица „Македонија“ во центарот на градот.

Добивај вести на вибер

Зградата со број 39 ќе добие нова фасада. Градот Скопје до бирото за јавна набавки доставил оглас, а услугата ја проценил на 54.114.733 милиони денари.

Во тендерската документација не е прецизирано за каква фасада станува збор, но најверојатно ќе биде во духот на „Скопје 2014“.

Освен за оваа зграда, градот Скопје најави и реконструкција на фасадите на улицата кај Рекорд во строгиот центар.

Нова барокна фасада ја краси зградата над ресторанот Пелистер. Оваа зграда доби фејс лифтинг од предната страна која гледа на плоштадот, додека задниот дел од фасадата е во оргиналниот изглед.

Оваа зграда, има проблем и со одводната канализација. Екипи на водовод еднаш до два пати во неделата ги одзатнуваат цевките од тазе новата барокната зграда.

skopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен