Град Скопје: Општина Центар во интерес на граѓаните да си ги исполни законските обврски

Од:

Град Скопје, уште еднаш ја потсетува јавноста дека акцијата за отстранување на хоризонталната и на вертикалната сигнализација на паркинзите во Дебар Маало 1, со кои стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), е во согласност со законите во Република Македонија и по барање на Министерството за внатрешни работи, а поради констатираните недостатоци.

Со цел да се надмине постојната состојба, порачуваат Општина Центар да изработи валидна документација и да ја достави до Град Скопје, а Градот да ја проследи до МВР на процедура за добивање согласност за спорните паркиралишта.

Затоа, Град Скопје апелира до Општина Центар, во интерес на граѓаните што поскоро да ја изврши законската обврска.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан