Град Скопје објави конкурс за идејни решенија за три летни сцени во Градскиот парк

Од:

Градот Скопје објави конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк. Целта на оваа иницијатива е со дефинирање на локациите на Летната отворена сцена во партерното уредување да се зголемат содржините во паркот и на тој начин да стане еден несекојдневен природен амбиент, поинвентивен и попривлечен за посетителите.

Град Скопје, велат оттаму, преку своите активности континуирано работи на подигање на квалитетот на урбаното планирање на Градскиот парк.

Идејните решенија се однесуваат на следните три локации: површина во Градки парк Скопје која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, втората локација е спроти Сточарски институт и третата локација во вториот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90.

-Предмет на работа на конкурсот е партерно уредување на Летна отворена сцена која треба да претставува тридимензионален материјален исказ поставен во отворен простор. Идејата на овој проект е преку партерно уредување на локациите да се предвидат позиции на кои би се поставиле монтажни бини во рамките на Летната отворена сцена со што ќе се направи интерактивно место на кое ќе се одржуваат културни манифестации на отворен простор и ќе овозможи поголем пристап на посетители кои ќе посетуваат одреден вид на настани од областа на културата, се вели во соопштението од Град Скопје.

Исто така, идејата е да се запази природниот амбиент на наведените три локации на кои ќе се постави оваа летна сцена, односно, да се искористат рељефните содржини на самите локации за поставување на гледалиштето наспроти сцената.

Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 16 јуни во 12:00 часот во Град Скопје – Барака 1а. На конкурсот ќе бидат доделени три главни награди во бруто износ од 70.000 денари за секоја локација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан