Град Скопје: На барање на жителите е спроведена акција за сечење и кастрење на суви дрвја во Карпош 4

Од:

„Во насока на поголема транспарентност и подобро информирање во врска со акцијата за сечење и кастрење дрвја во Карпош 4, Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека истото се врши на барање на жителите согласно со сите законски постапки.

Денеска екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ извршија акција во населбата Карпош 4, каде што на терен исекоа и извршија кастрење на повеќе дрвја.

Истите се отстранети на барање (петиција) на жителите на околните згради, кои до Секторот за комунални работи на Град Скопје, на ден 26.04.2018 година, доставија барање за сечење на сувите стебла околу зградата на улица „Волгоградска“ број 1, како и за обновување на зеленилото околу овој објект.

Стручните служби на Град Скопје излегоа на терен и извршија увид, каде што констатираа дека станува збор за поголем број дрвја од различни видови, кои се со надмината физиолошка зрелост, со суви и кршливи гранки. Овие дрвја претставуваат опасност за минувачите, паркираните возила и самиот објект и за истите Градот Скопје издаде решение за нивно сечење.

За преостанатите дрвја, кои се со широкоразградени крошни, со своите гранки ја удираат зградата и паркираните возила, причинуваат материјална штета и потенцијална опасност за минувачите, Градот Скопје издаде решение за нивно кастрење.

Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека овие дрвја и во минатото предизвикуваа опасност и штета, а пред неколку години поголеми гранки кршејќи се предизвикаа поголема материјална штета на паркираните возила. За овој (и сите слични случаи), беше поведена судска постапка, и притоа јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ мораше да исплати средства и да ја надомести нанесената штета.

Град Скопје сака да истакне дека, како и досега, за секое исечено дрво, на истата локација или во непосредна близина ќе биде засадено ново дрво“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот