Град Скопје ќе вработи 50 пожарникари

Од:

Советот на Град Скопје на денешната осма седница ги усвои одлуките со кои се дава согласнот на планот за вработување на Град Скопје за 2018 и 2019 година.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, рече дека годинава ќе се изврши прием на 50 пожарникари.

– Старосната структура на противпожарната бригада во Градот Скопје е лоша и дополнувања со кадар не се вршени со години. Планот е во текот на годинава да се изврши обука и бидат примени нови 50 пожарникари, кои ќе го дополнат недостатокот од 23 лица и од заминувањето во пензија на 27 пожарникари во текот на оваа година, изјави Шилегов.

Посочи дека интезивно се работи на систематизацијата на работните места во Градот Скопје и треба да се заврши до 31 март.

Законот за пожарникарство предвидува квота од 384 пожарникари, додека моментално се вработени 217 лица.

Советникот Садат Рамадани од Беса го поздрави предлогот и посочи дека со реализацијата до 2018 година ќе се постигне зголемување на застапеноста на Албанците во администрацијата во Град Скопје од досегашните седум на десет проценти.

Советничката Драгана Велковска од Левица, побара да се направи систематизација на вработувањата во Градот Скопје и да се искористат во договор со министерствата за информатичко општество и за труд и социјална политика, вработените кои не се на нивните работни места или немаат работни задачи, а земаат плата.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски