Град Скопје ќе обезбеди уреди за учениците од социјално-загрозени семејства да ја следат онлајн наставата

Од:

Во средните училишта низ Скопје се спроведува анкета која ќе покаже колку деца немаат електронски уреди како таблети и компјутери за да ја следат онлајн наставата во училиштата. Градоначалникот Петре Шилегов, вели дека за било што, градот може да нема пари – но средства за обезбедување на опрема за учениците, ќе најдат.

„Ќе најдеме средства. Многу е важно за што ги трошите јавните пари. За мене, непоимливо е како човек и градоначалник, да помогне определен број на луѓе. Ние во Скопје имаме околу 24 илјади средношколци. Не се сите социјално загрозени. Ете да се 10 проценти. За мене, непоимливо е да не можеме да помогнеме 2000 семејства за своите деца да набават доволно квалитетни средства, за детето да ја следи наставата. За било што може да нема пари, за тоа мора да има пари“, рече Шилегов.

Резултатите од анкетата треба да бидат готови во скоро време, бидејќи наставата во училиштата треба да започне на 1 октомври.

„Во моментов се одвива анкетата која се спроведува низ средните училишта, во смисла за утврдување на социјалниот статус на учениците и неможноста да се следи онлајн настава. Откако ќе ја имаме таа анализа, градот ќе изнајде начин како да помогне на тие лица, тие дечиња кои што се од социјално-загрозени семејства, да дојдат до доволно квалитетна електронска настава“, додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања