А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Град Скопје ќе набави нови 40 автобуси кои ќе произведуваат помалку ПМ10 честички

by А1он03/07/2018 - 13:1503/07/2018 - 13:54170
Share0

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција информираше дека е започната постапка за набавка на нови 40 еколошки автобуси кои ќе произведуваат помалку ПМ10 честички од сегашните.

Добивај вести на вибер

Како што кажа Шилегов проектот е финансиран со кредит од Европската банка од 10 милиони денари, со 0% камата.

„Доколку се оди по планот, наесен ќе биде распишан тендерот за овие 40 автобуси а договор за истите ќе има до крајот на годината“, рече градоначалникот на Скопје.

Две третини од новите автобуси ќе бидат зглобни, на еден кат, а една третина ќе бидат единечни, исто така на еден кат.

Тој истакна дека големиот број автобуси што беа набавени од минатата власт не се еколошки подобни, брзо се расипуваат и не постои можност за сервисирање бидејќи нема овластен застапник.

„Граѓаните на Скопје го заслужуваат најдоброто и затоа Град Скопје ќе се потруди да им овозможи најсовремен јавен превоз“, рече Шилегов.

Градоначалникот истакна дека по набавката на новите автобуси оние најстарите кои се користат за замена на новите автобуси ќе бидат исфрлени од употреба и нема да има промена на цените на билетите.

Виктор Јованов

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен