Град Скопје ќе ја разгледа иницијативата за сообраќајно решение за бул. „Србија“

Од:

Стручните служби на Град Скопје ќе ја разгледаат иницијативата поднесена од Општина Аеродром за ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ и во соработка со Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските можности, ќе биде понудено најдобро и најбезбедно решение за овој долгогодишен проблем.

Ова го соопшти Град Скопје по реакцијата на жителите на Аеродром каде што синоќа на пешачки премин на булеварот „Србија’ тешко беа повредени тројца пешаци – баба, дедо и нивната внука, а жената подоцна им подлегна на повредите.

Град Скопје наведува дека интензивно работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во градот, со цел да се избегнат и намалат вакви и слични инциденти.

– Градот Скопје изразува длабоко жалење за сообраќајната несреќа со смртни последици што вчеравечер се случи на булеварот „Србија“ и воедно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, наведува Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот