Град Скопје ќе го субвенционира чистењето на оџаците во Скопје

Од:

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање домаќинства и други субјекти на подрачјето на главниот град за чистење оџаци за 2018 година.

Со овој повик, Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците во износ од 1.000 денари.

На јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Јавниот повик трае 60 календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22 ноември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави неколку документи. Барање за надомест, што може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk. Како доказ за жителство во Град Скопје потребно е да се достави фотокопија од лична карта или пасош. За правните субјекти се следи тековна состојба не постара од шест месеци.

Потребна е потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). Фискалната сметка треба да биде издадена во периодот од почетокот на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка.

Барањето за искористување на правото за надомест на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул. „Илинден“ бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 8:30 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик граѓаните можат да добијат на www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Јавен повик – оџаци-.doc 24.09.18.pdf

Јавниот повик за субвенционирање домаќинства и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година е објавен вчера во весниците „Слободен печат“ и „Коха“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен