Град Скопје ќе ги блокира сметките на должниците за 2018 година

Од:

Град Скопје во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје, информираат преку соопштение.

Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Од таму укажуваат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања