Град Скопје ќе даде помош од три милиони денари на настраданите од катастрофалните земјотреси во Хрватска

Од:

Два милиона за Петриња и еден милион денари за Загреб е сумата која Град Скопје ќе ја испрати како помош за настраданите од катастрофалните земјотреси во овие два града во Хрватска во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица.

Од Град Скопје информираат дека Одлуката за давање помош, Советот ја донел на денешната итна вонредна седница.

-Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Град Скопје дава помош од 3 милиони денари, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики, се вели во соопштението.

На седницата, како што информираат, градоначалникот Петре Шилегов истакнал дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања