Град Скопје: Итно да се подмири обврската за плаќање на данокот на имот

Од:

„Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, коишто имаат заостаната обврска, неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја подмират својата обврска.

Законот за даноци ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната даночната обврска не е подмирена, да спроведат постапка за присилна наплата на данокот на имот, како за правните, така и за физичките лица.

Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро сметките, апелираме и ги потсетуваме обврзниците уште еднаш да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја подмират“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања