Град Скопје ги расчистува насипите и градежниот материјал од коритото на реката Вардар

Од:

За да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд, екипите на Град Скопје денеска, во центарот на градот, почнаа акција за расчистување на насипите и градежниот материјал натрупан во коритото на реката. На почетокот на акцијата за чистење присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов.

– Денеска спроведуваме акција за расчистување на насипите и градежниот материјал од коритото на реката Вардар. Целта на оваа акција е да ја намалиме опасноста од излевање на реката при поголеми врнежи од дожд. Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста на водата, а со тоа сериозно се зголемува ризикот од поплави. Од тие причини, овие неколку дена екипи на ЈП „Улици и патишта“ ќе работат на расчистување на теренот, а истовремено му е наложено на градежното претпријатие „Бетон“, како изведувач на објектот „Панорамско тркало“, да го среди своето градилиште и да овозможи максимална проточност на коритото во делот на тој пешачки мост.

– Дождовите ја открија опасноста по безбедноста на граѓаните, нивните имоти и објектите околу Вардар која е предизвикана од проектот „Скопје 2014“. Акцијата ќе трае се до целосно расчистување на коритото. Отстранетиот градежен материјал ќе се однесе во депото на ЈП „Улици и патишта“ во Железара. Безбедноста на граѓаните нема цена. Градот Скопје ќе направи се што е во рамките на неговата надлежност да ги заштити граѓаните од поплави и други несакани последици предизвикани од неквалитетниот проект „Скопје 2014“ – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој ги повика и сите релевантни институции да се вклучат во отстранувањето на штетните последици од овој проект, со цел да се спречат дополнителни трошоци и да се осигура безбедноста на граѓаните.

Акцијата за расчистување на реката Вардар ќе се одвива во строгиот центар на градот, во делот од коритото меѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениот мост, поточно, кај првата галија, каде што е најтесно грлото на реката и постои најголема можност водата да се излее.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош