Град Скопје ги избра добитниците на наградата „13 ноември“

Од:

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година.

Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Газанфер Бајрам, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Љубиша Станковиќ, Даница Стојанова и Роландо Кутиров.

Од областа на образованието и воспитанието наградата ја освои Аџи Фида, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието. Пливачот Андреј Стојановски ја освои наградата помеѓу спортистите за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби. Од областа на културата награда освоија Марко Коловски , музиколог и Ресул Шабани, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.

Наградени се и академскиот музичар Рамадан Шукри, новинарот Сефер Тахири, како и архитектаката Даница Павловска-Циги.

Наградите за правни лица ги добија ЈЗУ Геронтолошкиот завод „13 ноември“ и противпожарната бригада од Скопје. Наградени се и неколку ученици и студенти.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот