Град Скопје: Две години зборуваме дека проектот за Универзална е погрешен и небезбеден

Од:

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради велат од Град Скопје по пожарот ов Универзална Сала.

– Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација. Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот. Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност. Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Министерството за култура го избра најповолниот изведувач за изградбата на Универзалната сала во Скопје

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски

Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Горан Наумовски