Четири индустриски објекти ќе бидат казнети за загадување на воздухот

Од:

Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје.

– Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје, извршија вонредни контролни мерења на 4 инсталации што подлежат на Б–Интегрирана дозвола, како и на 4 субјекти што подлежат на Eлаборат за заштита на животната средина. При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај 4 инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина – одговори Шилегов на вчерашната седница за советнички прашања.

Дополнително, Секторот Инспекторат воведе и сменско работење (дежурства) кое започнува од 6 часот наутро, како и после полноќ, се до раните утрински часови, како и за време на викендите, сé со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.

Исто така, контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје, но и другите поголеми градилиштa во другите општини, како и на територијата на Општина Аеродром каде што се сконцетрирани поголемиот број од градилиштата. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се 8 казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите кои излегуваат од градилиштата со церади, велат од Град Скопје.

Во периодот октомври-февруари кога има зголемено загадување на воздухот на територијата на Град Скопје се врши секојдневна контрола на градилиштата.

Бројот на изречени казни изминативе 3-4 месеци, во однос на истиот период 2017 година е речиси двојно зголемен. Воведена е втора смена и се контролира целата територија на град Скопје, со акцент на критичните точки. Направена е координација со општинските инспекторати за зајакнување на контролата и координацијата помеѓу градските и општинските комунални редари.

Во координирана акција со МВР, пазарната инспекција и Општината Чаир континуирано се спроведува дежурство на Бит-пазар секој работен ден и викенди од 8.00 до 14.30 часот од каде што се отстранети дивите продавачи од булеварот пред пазарот и пред дуќаните.

Воведена е втора смена на комунални редари заедно со комунален инспектор на ул. Македонија и плоштад Македонија. Во координирана акција заедно со Еко патрола од комунална хигиена е спроведено дежурство од 8.30 до 15.30 часот на најкритичните точки низ сите општини на Градот Скопје. Исто така, во кординирана акција беше спроведено викенд дежурство на комуналните редари на Град Скопје на Вардариште, и во Градскиот парк на повеќе локации каде што граѓаните беа првично опоменувани, а некои и казнети за сторен прекршок по законот за јавна чистота, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски