Град Скопје доставува потврди за бруто остварени приходи

Од:

Согласно со член 77, став 1 од Законот за персоналниот данок на доход (Службен весник на РМ бр. 80/93…..,199/15,23/16), Град Скопје по пошта достави Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје /субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично/, соопштуваат од Град Скопје.

Потврдата за остварени приходи од Градот Скопје треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 – ти март 2018 година.

Градот Скопје ги известува граѓаните коишто нема да добијат Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година дека истата ќе може да ја подигнат во Град Скопје, Сектор за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 09 до 15 часот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски