Град Скопје: Дојдете со велосипед или пеш – во недела организираме ден без автомобили

Од:

Во недела, на 30 мај, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите.

Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор, велат од Град Скопје.

„Плановите за целокупната реорганизација на урбаниот транспорт во Скопје, пресликани во многу плански и стратешки документи, имаат голем потенцијал трајно да го подобрат квалитетот на живот во градот. Во таа насока, спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да го постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација.

Активностите кои го поттикнуваат ова, ќе ја зaцврснат довербата во политиките на Град Скопје и забрзано ќе ги донесат придобивките од тие политики што добро се набројани и елаборирани во Акцискиот план за Зелен град.

Ваквите активности исто така одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа“.

Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година.

Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија