Град Скопје: Денешниот протест – невкусна политичка игра на организаторите

Од:

„Денешниот протест пред Град Скопје, насловен како „Коце, врати ни ги улиците“, го оценуваме како невкусна политичка игра спроведена од страна на организаторите.

Навистина не ја разбираме потребата од грубо лажење на јавноста дека за овие сообраќајни несреќи е одговорен Град Скопје или градоначалникот.

Неколкуте сообраќајни несреќи кои организаторите на оваа група ги посочуваат како причина за денешниот протест, се случија поради невнимание на лицата кои управуваа со моторните возила, а не поради недостатоци со сообраќајната инфраструктура или со недостатокот на хоризонтална и вертикална сигнализација (обележан пешачки премин, обележани сообраќајни летни, сообраќајни значи, поставени семафори…). Во последните две сообраќајни незгоди каде животот го загубија велосипедистите, истите се случија на обележани пешачки премин за велосипедисти со црвена боја.

Ова е и случај со најголемиот број на вакви трагични настани, што е и констатирано со анализите на Министерството за внатрешни работи, каде како најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на градот Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, управувањето на возила под дејство на алкохол, како и управување на возила без поседување на возачка дозвола.

Поради овие факти, не ја разбираме потребата на организаторите на овие протести да ги посочуваат Градот Скопје и градоначалникот како главни виновници за ваквите сообраќајни несреќи.

Апелираме ваквите трагичните настани да не се злоупотребуваат за нечија себепромоција и дневни политички игри“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош