Град Скопје демантира дека усвои годишни сметки без опозицијата

Од:

Град Скопје реагира на информацијата објавена денеска со наслов Град Скопје усвои годишни сметки и одлуки без опозицијата.

Понатаму во текстот се вели:

“Советот на Град Скопје денеска, без присуство на опозицијата, ги усвои сите точки на дневниот ред, кои вклучуваа два извештаи и 9 одлуки. Извештаите го вклучуваат и извештајот за буџетот на Градот за 2012-та година, како и за извршениот попис на средства и извори на средства”.

Сакаме да Ве иформираме дека на 81-та седница на Советот на Град Скопје којашто се одржа денеска, присуствуваа и советници кои се членови на политички парии од опозицијата кои учествуваа во работата на Советот на Град Скопје.

Врз основа на евиденцијата на Одделението за поддршка на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници, во работата на Советот на неговата 81-ва седница, учестваа советници од редовите на СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП и на ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он