Град Скопје: Да се плати данокот на имот

Од:

Град Скопје апелира до сите физички и правни лица, даночни обврзници кои поседуваат недвижен имот на територија на Град Скопје, да го подмират своите обврски доколку имаат неплатен данок на имот заклучно со 2012 година.

Од Градот најавуваат дека ќе почнат со примена на законските одредби за присилна наплата доколку даночните обврзници по доставувањето на опомените за неплатени обврски за изминатите години не го подмират долгот во пропишаниот рок.

Град Скопје ги известува и сите правни лица и трговци поединци кои што не го намириле својот долг по основ на комунална такса – фирмарина за 2012 година да го намират, во спротивно ќе се применат законските одредби за доставување опомени за неплатени обврски за 2012 година.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски