Говорите на Груевски ги мотивираат Албанците да гласаат?

Од:

На престојните локални избори ќе има голема излезност на Албанците, покажале анкетите на владејачката ДУИ, што е изненадување имајќи ги предвид бројките од претходните избори на кои Албанците покажуваа незаинтересираност и апстинираа од гласање.

Во партијата ваквиот пресврт во гласачкото тело сметаат дека е резултат на говорите на Груевски во Кичево и Струга полни, како што велат, со шовинизам. Повикот на Груевски, и старо и младо да излезело на гласање во Кичево и Струга за да биле градоначалниците Македонци, ги мотивира и нашите гласачи да одговорат со иста мерка во сите градови, а не само во тие што ги кажа премиерот, велат извори од владејачката албанска партија.

Во партијата сметаат дека и без да ги повикаат албанските гласачи во Скопје, својот глас ќе го искористат масовно и ќе гласаат за кандидатот на опозицијата, Јани Макрадули. Овој пресврт го знаеле и во штабот на кандидатот на власта за Скопје, актуелниот градоначалник Коце Трајановски, кој претходниот мандат го доби со подршка на гласовите од Албанците кои живеат во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија