Млада гостиварка клоцала и гребела сограѓанин, па пријавила дека тој ја тепал

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 22-годишна жителка на Гостивар за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело – од член 366 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик, за кое гонењето се презема по службена должност. На критичниот ден, всушност, оштетениот бил нападнат од сега обвинетата, која најпрвин му удрила шамар, а потоа продолжила да го удира со нога во градите и да го гребе по вратот и главата, со што му нанела и телесни повреди – нагмечувања и гребаници, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за обвинетата.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски