Гостиварец обвинет за насилство

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело „насилство“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, по кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда – нагмечување и нагмечно-расцепна рана. Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција.

Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар