Гостивар: Ученици селектираат отпад со „паметни“ канти

Од:

Учениците во Средното економско општинско училиште во Гостивар со помош на „паметни“ канти ќе го селектираат отпадот и ќе добиваат награди. Во училиштетото се поставени шест канти во кои може да селектираат хартија, пластични шишиња и лименки.

Идејата на група средношколци беше реализирана деновиве преку програмата UPSHIFT за иновативни решенија.

– Нашиот проект беше избран во конкуренција на повеќе училишта од земјава, а пет добија финансиска поддршка. Идејата е на иновативен начин да се поттикнат учениците да ја развиваат свеста за селектирање и тоа да го прават секојдневно, вели професорката Анета Талеска-Манеска ментор на проектот.

Поставените канти имаат електронски систем за регистрирање на секое парче отпадок, по што на дисплеј се појавува код кој учениците го испраќаат преку посебна апликација од мобилен телефон. За секое 100-то парче, училишната управа подарува симболичен подарок (слушалки, усб стик мемории и слично).

За реализација на проектот за „паметни канти“ преку програмата UPSHIFT, која што е поддржана Фондот за иновации и технолошки развој и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, училиштето доби 2.000 евра.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски